Неговиот поранешен клуб Тиквеш денеска објави дека го повлекува дресот со број 16 што Лазаров го носеше додека беше дел од кавадаречкиот клуб, најпрвин на позајмица од Работнички во сезоната 2019/20, а потоа и во сезоната 2022/23 „Во чест и знак на благодарност за АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ, фудбалер и голем херој кој со своите настапи многу придонесе за успесите на нашиот клуб, дресот со број 1️⃣6️⃣ кој тој го носеше во ГФК Тиквеш, трајно се повлекува од употреба и ќе остане како траен белег да ги краси клубските простории за негов вечен спомен.