1 (5) ■ вести > свет > регион ■ 14-Apr 23:27 -> 15-Apr 08:51
.
.
.
.

ВИДЕО: Студентите ја блокираа РТС, ќе останат неодредено

  • Студентите ги блокираа РТС и студиото во Кошутњак, ТВ Нова не може да емитува утринска програма

Студентите од универзитетите во Белград и Нови Сад во понеделникот вечерта организираа блокади на Радио Телевизија Србија и Радио Телевизија Војводина, незадоволни од известувањето на двата јавен сервис за студентските протести и општествено-политичката криза во земјата, а во исто време најавија протести „до дополнително известување“.

Студентите кои синоќа ги блокираа РТС и сите влезови на оваа телевизија на улицата Таковска и Кошутњак ноќта ја минаа пред влезот и од утрово не дозволуваат на никого да влезе.

4 (43) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 14-Apr 07:00 -> 14-Apr 16:43
.
.
.
.

Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче, тврди дека е жртва на „морален атентат“

  • Со сведочење на Љупчо Палевски продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

  • Ќе сведочи Љупчо Палевски – Палчо за убиствата на Вања и Панче

  • Палевски: сум можел да уценувам милијардери со Ферари и останати, но, ете, тоа не сум го направил

Првообвинетиот за убиствата и грабнувањата на Вања и Панче, Љупчо Палевски денеска во Основен кривичен суд Скопје негираше одговорност, тврдејќи дека нема мотив за такви злосторства и дека е жртва на „морален атентат“.

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски Палчо.

Со сведочење на првобвинетиот Љупчо Палевски – Палчо, во Кривичен суд продолжува судењето за грозоморните убиства на Панче Жежовски и на Вања Ѓорчевска.

Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче, тврди дека е жртва на „морален атентат“ Првообвинетиот за убиствата и грабнувањата на Вања и Панче, Љупчо Палевски денеска во Основен кривичен суд Скопје негираше одговрност, тврдејќи дека нема мотив за такви злосторства и дека е жртва на „морален атентат“, организиран од политички и медиумски структури.

5 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 14-Apr 09:19 -> 15-Apr 08:10
.
.
.
.

Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Обединетите Арапски Емирати

  • Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан

  • Николоски во посета на Обединетите Арапски Емирати: Ги прошируваме можностите за соработка и инвестиции во инфраструктурата

Владина делегација, предвидена од премиерот Христијан Мицкоски, денеска ја продолжува официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Мицкоски, вчера, на првиот ден од посетата, се сретна со претседателот на ОАЕ и владетел на Емиратот Абу Даби, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан и како што изјави била истакната потребата од многу поблиски и поплодни односи.

Очекувам плодни и успешни средби коишто ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој од денеска до четврток, заедно со владината делегација се наоѓа во билатерална посета во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). -Денот го започнавме со исклучително квалитетна и пријателска средба со Неговото височество, претседателот на ОАЕ и владетел на Абу Даби, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан.

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е дел од високата делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски каде заедно со други владини претставници се во работна посета на Обединетите Арапски Емирати.

11 (31) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 13-Apr 12:28 -> 14-Apr 09:43
.
.
.
.

Со истрагата за пожарот во Кочани опфатени 45 лица

  • Притвор за четворица, куќен притвор за седуммина новоосомничени за пожарот во Кочани

  • Се бараат четири притвори, седум куќни притвори, еден од новоосомничените не е во Македонија за пожарот во Пулс

  • Коцевски за осомничените од ДЗС: Ги запоставиле своите надлежности, воопшто не извршиле инспекциска контрола

Бројот на осомничени за пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани достигна 52 физички и три правни лица, откако Обвинителството викендот ја прошири истрагата со уште 19 лица.

Обвинителството побара, а Кочанскиот суд прифати четири ефективни и седум куќни притвори, како и седум мерки на претпазливост за 19-те новоосомничени во истрагата за трагичниот пожар во кочанската дискотека Пулс, додека амбасадорот во Норвешка Кучи се уште е надвор од земјата.

Тринаесет обвинители работат на предметот за пожарот во „Пулс“ во Кочани.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски денеска на прес конференција информираше за деталите во врска со проширената истрага за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

31 (6) ■ сцена > култура ■ 14-Apr 09:16 -> 14-Apr 20:12
.
.
.
.

Влатко Стефановски ги најави концертите во Филхармонија

  • Прес по повод јубилејните концерти во Скопје на Влатко Стефановски (видео)

Стефановски го претстави и винил изданието „London Sessions“, Нашиот врвен гитарист Влатко Стефановски, денеска заедно со продуцентот Томислав Кашљевиќ и музичката уредничка на Кроација рекордс Клаудија Чулар, ги најави двата последователни концерти кои треба да се случат на 9 и 10 мај во Македонската филхармонија, по повод неговата импозантна 50-годишна музичка кариера и го претстави неговото тројно винил издание „London Sessions“ снимено во познатото музичко студио „Abbey Road“ во Лондон.

Прес-конференцијата по повод јубилејните концерти во Скопје на гитаристот и композитор Влатко Стефановски, со кои ќе одбележи 50 години поминати на концертната сцена.