Македонија постигна гол на самиот почеток од второто полувреме, но радоста беше краткотрајна.
Македонија на феноменален начин го отвори второто полувреме на дуелот со Белгија, откако по само три минути игра успеа да постигне гол за 1-1. Феноменална полуконтра која почна од Илиевски, па преку Костадинов заврши со феноменална завршница на Елиф Елмас.