Мала поддршка во тоа дадоа и голманите Кизиќ и Галевски, кои поделија по некоја одбрана во воведните петнаесет минути во вториот дел, по кои на семафорот стоеше 28-26. Во 50. минута Алкалоид имаше напад за минус два, потоа и уште еден, но не го реализира, па пак мечот се врати во драма и плус од четири гола за Рунар (31-27). Потоа разликата стана и шест гола (34-28), но мечот на пенали го однесе Мартин Ивановски со голот за 34-29. Во серијата Рунар промаши три седмерци, а за Алкалоид погодија Серафимов, Митев и Петковски. Libertas