Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел изјави дека Мерцедес и понатаму преговара со актуелниот шампион на Формула 1, Макс Верстапен, но се насмеа на сугестијата дека „Сребрените стрели“ ги откриле тие разговори за да извршат притисок врз Ред Бул, нарекувајќи го тоа „сериозна теорија на заговор“.
Се чини дека трансфер сагата околу Макс Верстапен и неговата можност да премине во Мерцедес за сезоната 2026 ќе заврши без конкретен исход.