Селекторот Јошко Миленкоски попладнево ја собра репрезентацијата во Маврово каде со првиот тренинг вечерва и официјално стартуваат подготовките за евро-квалификацискиот двомеч со Грција и Грузија за пласман на ЕП 2026.
Стратегот се потпира на веќе проверени сили, истите оние кои беа дел од Европската Златна лига минатиот месец, за кои верува дека се вистинските и за да се оствари ново учество на еден континентален собир, четврти за во низа.