1 (9) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 23-Jul 08:44 -> 23-Jul 10:29
.
.
.
.

Ангелов: Спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар

  • Спречен обид за подметнување шумски пожар - Пронајдени докази под Царев Врв

Шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово Крива Паланка вчера попладне под Царев Врв на Осоговските планини, на 2000 метри надморска височина пронашле и остраниле триесетина автомобилски гуми и картон подготвени за потпалување и предизвикување пожар.

Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на кое безмалку и да нема движење на луѓе, шумочуварите на Национални Шуми од подружница Осогово Крива Паланка, пронајдоа и отстранија повеќе од триесетина на куп нафрлани автомобилски гуми, картон за потпалување, внатрешни гуми како и суви борови стебла и гранки подготвени за палење и предизвикување пожар на отворен простор кој доколку не беше спречен набргу потоа би се проширил во блиската шума, извести дикреторот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

4 (3) ■ вести > македонија ■ 23-Jul 10:30 -> 23-Jul 10:47
.
.
.
.

ДУИ: Македонија има потреба од јасна ориентација кон ЕУ и координација на активностите во рамките на НАТО

  • ДУИ: Се промовира реторика и практика што буди носталгија за опасни проекти како „српскиот свет“ со отворени проруски тенденции

Соопштение на ДУИ Демократската унија за интеграција изразува сериозна загриженост за насоката во која се движи надворешната и внатрешната политика на земјата, во време кога Северна Македонија има потреба од јасна ориентација кон Европската Унија и координација на активностите во рамките на НАТО.

Демократската унија за интеграција изразува сериозна загриженост за насоката во која се движи надворешната и внатрешната политика на земјата, во време кога Северна Македонија има потреба од јасна ориентација кон Европската Унија и координација на активностите во рамките на НАТО.

9 (12) ■ вести > македонија > грција ■ 22-Jul 11:59 -> 23-Jul 09:08
.
.
.
.

Средба Герапетритис – Муцунски во Атина

  • Грчки дипломатски извори: Важна утрешната средба Герапетритис- Муцунски, Македонија е клучен сојузник за нас

Економската и енергетската соработка, инфраструктурното поврзување, ЕУ перспективата на регионот, но и актуелните геополитички случувања, се очекува да бидат во фокусот на денешната средба во Атина на министрите за надворешни работи Јоргос Герапетритис и Тимчо Муцунски, јави дописничката на МИА од Атина.

За нас, Македонија е клучен сојузник и директен и важен сосед, брифираат високи грчки дипломатски извори во пресрет на утрешната работна посета на Атина на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски . За нас, Македонија е клучен сојузник и директен и важен сосед, брифираат високи грчки дипломатски извори во пресрет на утрешната работна посета на Атина на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

17 (2) ■ вести > балкан ■ 23-Jul 09:35 -> 23-Jul 10:18
.
.
.

САД ќе ги дислоцираат војниците од Косово заради нови стратегиски интереси на САД?

  • Дислоцирање на американските војници од Косово заради нови стратегиски интереси на САД?

Американскиот универзитетски професор и експерт за политичките случувања во Западен Балкан, Даниел Сервер, изјави во јавноста дека „присуството на американските војници на Косово можеби нема да трае уште долго, а Косовските безбедносни сили (КБС) наскоро би можеле да преземат значително поголеми одговорности“.

Американскиот универзитетски професор и експерт за политичките случувања во Западен Балкан, Даниел Сервер, изјави во јавноста дека „присуството на американските војници на Косово можеби нема да трае уште долго, а Косовските безбедносни сили (КБС) наскоро би можеле да преземат значително поголеми одговорности“.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

83 (3) ■ сцена > култура ■ 22-Jul 10:16 -> 23-Jul 09:33
.
.
.
.

Одбележани 10 години од впишувањетo на гласоечкото пеење во УНЕСКО

  • Македонскиот КИЦ во Загреб го одбележа јубилејот од впишувањетo на “Гласоечко…”во УНЕСКО

Македонскиот КИЦ во Загреб, во рамките на официјалната програма на најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц „Меѓународна смотра на фолклорот“, го одбележа јубилејот 10 години од впишувањетo на гласоечкото пеење од Долни Полог на листата на УНЕСКО со настапот на „Трио Гавровски“ заедно со Дарко Коцев, мултиталентиран инструменталист што живее и работи во Германија.

Македонскиот КИЦ во Загреб, во рамките на официјалната програма на најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц „Меѓународна смотра на фолклорот“, го одбележа јубилејот 10. години од впишувањетo на “Гласоечкото пеење Долни Полог” на Ургентната листа на УНЕСКО со настапот на „Трио Гавровски“ заедно со Дарко Коцев, мултиталенриран инструменталист кој живее и работи во Германија.