Раководството на РФМ беше во посета на ИХФ во БазелРаководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реализираше значајна работна посета на седиштето на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) во Базел, Швајцарија.
Делегацијата ја предводеа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, и генералниот секретар Влатко Тасевски, кои остварија конструктивна средба со претседателот на ИХФ, д-р Хасан Мустафа, како и со други високи претставници на меѓународната ракометна организација. Sportski