Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ успешно го започна настапот на Вимблдон, совладувајќи го Французинот Александре Мулер (41. на АТП листата) со 3-1 во сетови (6-1, 6-7, 6-2, 6-2). Најдобриот тенисер на сите времиња ѝ отпоздрави на публиката на Централниот терен во Лондон, а потоа симулираше движење на „пумпање“ – гест кој стана симбол на студентските протести против режимот во Србија, по трагедијата со падот на настрешницата во Нови Сад, кога загинаа 16 лица. Sportmanija