Раководството на Е. Пелистер успешно заврши уште едни преговори, овојпат за останување на Нејц Цехте во редовите на актуелниот шампион на Македонија.
Засилувањата со репрезентативно педигре и натаму се цел на новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2. Десното крило на младинската репрезентација на Македонија, Јован Даневски, е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Се работи за 21-годишен кумановчанец, кој во минатите две сезони настапуваше за Тиквеш од Кавадарци.