Раководството на Е. Пелистер успешно заврши уште едни преговори, овојпат за останување на Нејц Цехте во редовите на актуелниот шампион на Македонија.
Словенечкиот десен бек денеска и официјално потпиша нов договор со „пелистерци“, продолжувајќи го престојот во битолскиот клуб што трае од 2023 година.
Нејц Цехте е стандарден репрезентативец на Словенија со околу стотина настапи во дресот со државниот грб.
Својата професионална кариера ја градеше во Горење (Словенија), Хановер (Германија) и ГОГ Гудме (Данска). Со Еурофарм Пелистер освои две шампионски титули, а во претходните две европски сезони постигна педесет погодоци (16 гола во сезоната 2024/25 и 34 гола во сезоната 2023/24). 24rakomet
Словенечкиот репрезентативец, Нејц Цехте, и трета сезона по ред ќе го носи дресот на Пелистер, откако клубот од Битола денеска и официјално го потврди продолжувањето на договорот со искусниот десен бек. Sport1
Десниот бек на словенечката репрезентација, Нејц Цехте, го продолжи договорот со шампинот Еурофарм Пелистер за уште една сезона.
За Цехте ова ќе биде третата сезона во Македонија, откако во 2023 година дојде од Скандинавија. 24rakomet
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Десното крило на младинската репрезентација на Македонија, Бојан Даневски, е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Се работи за 21-годишен кумановчанец, кој до пред еден месец настапуваше за ГФК Тиквеш.
Шпанскиот стратег, Раул Алонсо изненадувачки по само седум месеци ги напушти редовите на македонскиот шампион Пелистер, а кариерата ќе ја продолжи во Лајпциг.
Ракометниот клуб Војводина експресно го раскина договорот со Филип Ивиќ, само две недели откако беше потпишан од двете страни.
Поранешниот голман на Еурофарм Пелистер се огласи откако беше избркан од Војводина поради присуството на концертХрватскиот голман Филип Ивиќ беше отпуштен од Ракометниот клуб Војводина поради присуството на концерт на хрватскиот пејач Марко Перковиќ Томпсон.
“Гладијаторите” стартуваат во ракометна Европа од 2 коло кое на програмата е на 11/12, односно 18/19 октомври и за прв пат ќе бидат носители.
Европската ракометна федерација денеска ќе ги објави сите пријавени тимови за новата сезона во Лигата на Европа и во ЕХФ Европскиот Куп како и рејтинзите пред првата ждрепка што е закажана за следната недела.
Битолски Пелистер со нов тренер и неколку промени во играчкиот кадар ги започна подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Шефот на стручниот штаб на Пелистер, Димитар Капинковски е задоволен од првата сработена недела, во која битолскиот тим се уште некомплетен почна со подготовките за наредната натпреварувачка сезона.
Екипата на Алкалоид оствари историски успех закитувајќи се со трофејот во ЕХФ Европскиот куп, по што амбициозниот клуб од Автокоманда се реши за чекор напред во однос на лани и аплицирање за место во ЕХФ Лигата на Европа.
Македонскиот ракометен суперлигаш, Алкалоид, ги дозна можните противници за квалификациското коло во Европската лига на ЕХФ.