Во почетокот на мечот, Ивановски поведе, но во третиот гем, со сервис на македонскиот играч, Обрадовиќ направи брејк и поведе со 2:1. Потоа, во петтиот гем, вториот носител повторно доби брејк, зголемувајќи ја предноста на 4:1, а сетот го заврши со 6:2. И покрај загубениот прв сет, Ивановски не се предаде, а во следните два сета му дозволи на ривалот да освои само три гема. 365