Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Милер започна со силен сет на Србинот, кој го доби со 6-1, а веќе во вториот сет следуваше неизвесна борба до самиот крај, па на крајот тој му припадна на Милер со 7-6. Ѓоковиќ повторно без проблеми се врати во третиот сет за 6-2, за враќање на самодовербата и добивање и на клучниот четврти сет со 6-2. Инаку, со своите седум титули на овој престижен турнир (2011, 2014, 2015, 2018, 2019, 2021, 2022), Ноле е втор во историјата кој го постигнал тоа, веднаш зад Федерер кој има осум освоени титули на тревата на Вимблдон. Kurir