АВИОКОМПАНИЈАТА „РАЈАНЕР“ ОТКАЖА 170 ЛЕТОВИ Штрајкот во Франција го парализира воздушниот сообраќај, погодени се 30.000 патници Извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, ја повика претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да преземе итни мерки за реформа на европската контрола на летање.
Повеќе од 30.000 патници се погодени откако нискобуџетната авиокомпанија Рајанер соопшти дека е принудена да откаже повеќе од 170 летови поради штрајк на француските контролори на летање.