Ирскиот превозник соопшти дека откажувањата денеска и утре ќе влијаат на летовите до и од Франција, како и на летовите над земјата до дестинации како што се Велика Британија, Грција, Шпанија и Ирска.
Извршниот директор на Рајанер, Мајкл О’Лири, повторно упати повик до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да преземе „итни мерки“ за реформирање на услугите за контрола на летање (ATC) на Европската Унија во услови на нарушувањата, кои доаѓаат на почетокот на европските летни одмори. Vecer