Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, со победа го започна настапот на фјучерс турнирот во германскиот град Ашафенбург (40.000 долари награден фонд), совладувајќи ја домашната претставничка Јоси Димс со 2-0 во сетови (6-3, 7-6). Мечот траеше 100 минути, а Ѓорческа го искористи своето искуство и подобро ја контролираше играта во клучните моменти. Sport1