1 (44) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Jun 00:37 -> 23-Jun 01:47
.
.
.
.

Филипче: Добивме Влада која за една година ги заборави луѓето - бесчувствителни се

  • СДСМ ја понижи и ја клекна државата на колена, а денес зборува за „Понижена Македонија“

  • Филипче: Подадов рака за вистински реформи во судството, но ВМРО-ДПМНЕ не го сака тоа

  • Филипче: СДСМ останува на страна на граѓаните, Владата изгуби контакт со реалност

По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗNAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока – туку како држава со повредено достоинство и разочарани граѓани.

СДСМ ќе ја брендира својата партија, а со тоа и самиот настан како „Понижена Македонија“.

Правдата беше едно од клучните ветувања на оваа власт – и токму таму најмногу разочара.

Во обраќање кон сите разочарани и скептични граѓани, Венко Филипче упати јасна порака – СДСМ не е иста со ВМРО-ДПМНЕ.

2 (45) ■ вести > свет > еу ■ 21-Jun 01:42 -> 23-Jun 07:15
.
.
.
.

Главните нуклеарни локации на Иран

  • Трамп не сака да врши притисок врз Израел: Зошто да барам прекин на огнот кога тие победуваат?

  • Зошто нападите врз Иран претставуваат најголем и најризичен потег на Доналд Трамп во надворешната политика

  • Директорката на американската разузнавачка служба: Иран би можел да произведе нуклеарно оружје за неколку недели

Американските авиони извршија „многу успешен напад“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека главните капацитети за збогатување ураниум на Иран се „целосно уништени“.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека ќе биде тешко за Израел да ги запре нападите врз Иран во овој момент, една недела од интензивниот конфликт меѓу двете земји и две недели пред претседателот да донесе одлука за вмешаноста на САД.

Со својата невидена одлука да ги бомбардира нуклеарните постројки на Иран, директно приклучувајќи се кон воздушните напади на Израел против регионален непријател, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го направи она што го ветуваше со години, дека нема да „се вклучи воено во голема странска војна“.Американските напади, вклучително и насочувањето кон најутврдениот нуклеарен објект на Иран длабоко под земја, претставуваат најризичен потег на надворешната политика во неговиот мандат досега, полн со опасност и неизвесност, според анализата на Ројтерс.Трамп, кој во саботата изјави дека Иран сега мора да избере мир или да се соочи со нови напади, би можел, според аналитичарите, да го испровоцира Техеран да одговори со затворање на Ормутскиот теснец „најважната нафтена артерија во светот“ со напаѓање на американските бази и сојузници на Блискиот Исток, интензивирање на ракетните напади врз Израел и активирање на неговите посреднички групи против американските и израелските интереси низ целиот свет.

Директорката на американската национална разузнавачка служба, Тулси Габард, сега тврди дека Иран би можел да произведе нуклеарно оружје „во рок од неколку недели“.

10 (15) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Jun 11:37 -> 22-Jun 18:45
.
.
.
.

Официјално пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци

  • Николоски: Со изградбата на патот Гевгелија - Богданци ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија

Фото: Влада Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост – Богданци во должина од 4,8 километри, инвестиција од пет милиони евра обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие државни патишта (ЈПДП), дел од регионалниот пат кој ги поврзува Гевгелија и Богданци.

Изградбата на патниот правец Гевгелија – Богданци има огромно значење за развој на регионот бидејќи поврзува неколку општини и населени места и дава силен инпут во развој на бизнисите и подобра комуникација на жителите, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на настанот по повод пуштање во употреба на патниот правец Гевгелија-Богданци.

Повеќе од
оваа категорија

9 (20) ■ спорт > фудбал ■ 21-Jun 08:13 -> 22-Jun 20:09
.
.
.
.

Вардар во новата сезона ќе ја брка двојната круна, долговите се минато, клубот ќе има буџет од 3,5 милиони евра!

  • Вардар поразен на контролката против Олимпија Љубљана

  • Закариќ го продолжи договорот со Вардар

Вардар во Раденци, Словенија, ги одржува подготовките за наредната сезона, додека фудбалерите макотрпно работат, брифинг со новинарите одржа претседателот на клубот, Миленко Неделковски кој информираше за актуелните случувања во клубот и амбициите за наредната сезона.

По победата над Будуќност, Вардар денеска ја имаше втората пријателска средба во подготвителниот период, противник на македонскиот тим беше словенечкиот шампион.

Босанскиот интернационалец Горан Закариќ го продолжи договорот со ФК Вардар за уште една година, откако денеска се обврза да остане член на Црвено-црните до јуни 2026 година.

Повеќе од
оваа категорија

46 (8) ■ бизнис > македонија ■ 22-Jun 08:54 -> 22-Jun 13:53
.
.
.
.

Бизнис, држава и иднина - Кочо Анѓушев отворено за многу општествено политички прашања

  • ТХП започна постапка за утврдување на кандидати за локалните избори

Книгата со наслов ,,Таков каков што сум’’ пишува за бизнис, еснаф, наука, иднина, политика, лични погледи на многу општествени случувања, пораки за младите и охрабрување за секој кој сака да почне нешто свое и да биде претприемач.

Ова книга која ја издаде бизнисменот проф. д-р Кочо Анѓушев и е негова автобиографија, со оглед на тоа што внатре пишува и за своето детство, за образованието, за неговите претци, за тоа што научил од неговиот дедо, фабрикант пред втората светска војна, и чии совети му биле насока во неговата работа, а пред се во делот да наоѓа области во кои никој дотогаш нема работено и не се познати.

113 (5) ■ бизнис > економија ■ 22-Jun 06:20 -> 22-Jun 11:15
.
.
.
.

ИНРМ: Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броило

  • ▷ Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

Поднесовме официјално барање до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот пазарен инспекторат, како и до Министерството за енергетика, за да се потврди кој од нив е надлежен за постапување и санкционирање во случај потрошувачите на електрична енергија да немаат визуелен пристап до сопствените броила, информираат од Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ). Веднаш по добивањето на нивниот одговор, посочуваат, јавноста ќе биде информирана кој инспекциски орган е директно одговорен за постапување по претставки за оневозможен пристап до броилата.

Од: А1он Потрошувачите на електрична енергија имаат законско право на визуелен пристап до сопствените броила, а секое спречување на тој пристап од страна на операторот на електродистрибутивниот систем – во овој случај ЕВН – претставува прекршување на Законот за енергетика.