Американската тенисерка Аманда Анисимова успеа да направи големо изненадување во полуфиналето на Вимблдон, откако ја совлада најдобрата во светот, Арина Сабаленка со 2-1 во сетови, односно 6-4, 4-6 и 6-2. Сабаленка изврши голем притисок во седмиот гем на сервисот на Анисимова, но таа го „преживеа“ отпорот и го освои гемот (4-3), по што успеа да направи брејк за 6-4 во првиот сет.