Завршниот епилог од финалето на Вимблдон се уште е топ тема во тениската спортска јавност и тоа е очекувано со оглед на престижот кој го има британскиот грен слем, а оваа година добивме и нов шампион, за првпат Италијанец.
Јаник Синер ја прекина лошата низа од пет последователни порази од Карлос Алкарас и извојува голема победа во финалето на Вимблдон, нешто што беше посебно важно за него по тешкиот пораз кој го претрпе еден месец претходно на Ролан Гарос.