1 (69) ■ вести > свет > регион ■ 27-Jan 17:38 -> 28-Jan 22:38
.
.
.
.

ВУЧИЌ: Во следните 10 дена ќе донесеме одлука дали ќе одиме на избори

  • Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка

  • Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе оставка

  • Вучиќ: Очекувам над 50 проценти од министрите да бидат сменети, се покажа кој се крие, а кој не

По вонредната седница на српската влада, кон јавноста се обрати Александар Вучиќ кој ги изнесе своите ставови за блокадите, но и ги кажа можните решенија по оставката на Вучевиќ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, поднесува оставка.

Премиерот на Србија поднесе оставка, јавува . Како што објасни Вучевиќ, одлуката ја донел по врз студентите во Нови Сад.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека има барање за, како што истакна, итна и масовна реконструкција на Владата на Србија, додавајќи дека очекува смена на над 50 отсто од министрите.

2 (36) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Jan 21:02 -> 28-Jan 17:00
.
.
.
.

Мицкоски: Имам лично разбирање за акцијата за бојкот на маркетите в петок

  • Мицкоски: Остануваме на нашите позиции за Бугарија, но сум подготвен да разговарам со бугарските власти

  • Мицкоски: Службите незаконски ме следеле и злоупотребувале државни ресурси

  • Премиерот: Подготвен сум за Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека има лично разбирање за акцијата за бојкот на маркетите в петок поради високите цени на прехранбените производи и повтори дека институциите ја следат состојбата и реагираат кај оние трговци што генерираат висок профит.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ во однос на македонското членство во ЕУ и конечното формирање на политичка влада во Бугарија истакна дека македонската Влада останува на своите позиции дека членството треба да се исполни според постигнувања, не според билатерални спорови, а тој е подготвен да разговара за надминување на проблемот со бугарските власти.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски изјави дека неговото физичко следење од страна на службите додека бил лидер на опозицијата била класична злоупотреба на државните ресурси и дека, како што вели, нема никаква разлика од прислушкувањето преку злоупотреба на државни ресурси за што луѓе лежат во затвор.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ во однос на македонското членство во ЕУ и конечното формирање на политичка влада во Бугарија истакна дека македонската Влада останува на своите позиции дека членството треба да се исполни според постигнувања, не според билатерални спорови, а тој е подготвен да разговара за надминување на проблемот со бугарските власти.

3 (57) ■ вести > македонија > хроника ■ 27-Jan 07:10 -> 27-Jan 15:03
.
.
.
.

Чудно е како Палевски ги има записниците од испитувањето на другите обвинети, вели обвинителката Крстевска

  • Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче, прво откако сведокот Гоце Трајковски минатата недела сам се пријави во полиција

  • Гоце Трајковски нема да сведочи на денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче

  • Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари

Од страна на првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, беше побарано изземање на обвинителката Жаклина Крстевска и на целото Обвинителство за незаконска истрага, па Крстевска оцени дека Палевски го искористил моментот и ги изнел сите свои наводи.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски - Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Сведокот Гоце Трајковски нема да сведочи на денешното судско рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, информираат од Јавното обвинителство на РСМ.

Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на денешното рочиште, побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото ОЈО Скопје во случајот поради несоодветно спроведена истрага.

4 (22) ■ вести > македонија ■ 28-Jan 08:27 -> 28-Jan 21:00
.
.
.
.

ЕСМ: СДСМ непринципиелно бара АД ЕСМ да не почитува закони

  • ЕСМ дистрибуција на топлина до РКЕ поднесе барање за зголемување на трошокот за гориво за 2024 година за 12,92 отсто

  • ЕСМ бара поскапување на парното греење во Скопје

Од АД ЕСМ велат дека опозицијата неосновано ги коментира барањата за корекција на максимален приход и цена на друштвата за производство и дистрибуција на топлина, формирани од АД ЕСМ, кои вршат енергетска дејност поврзана со пазарот на топлинска енергија.

Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) поднесе барање за промена на максимален регулиран приход и цена за 2024 година за регулираната дејност дистрибуција на топлинска енергија.

ЕСМ бара од регулаторна комисија за енергетика да ја покачи цената на парното, каде прикажале дека имаат речиси 13% повисоки трошоци за гориво поради скокот на цената на природниот гас на берзата.

5 (17) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Jan 10:20 -> 28-Jan 18:52
.
.
.
.

АСНОМ е темел на државата, Касами е во судир со законите-реагира Сојузот на борци и граѓани продолжувачи

  • Мицкоски за промената на имињата на улиците во Тетово: Доколку такво нешто се случи без консензус, како претседател на Владата нема да разгледувам таква точка

Сојуз на борците од Народно-ослободителната и антифашистичка војна во Македонија (НОАВМ) и граѓаните продолжувачи Тетово со реакција на одговорот на Билал Касами, по испратеното отворено писмо да не се менуваат имињата од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народностите.

Премиерот Христијан Мицкоски за најавата на тетовскиот градоначалник и претседател на Движењето Беса, Биљал Касами за промена на имињата на улиците во Тетово и без консензус, нагласи дека тоа не може да се случи и доколку се случи, како што рече, како претседател на Владата нема да разгледува таква точка.

8 (37) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Jan 13:00 -> 28-Jan 14:03
.
.
.
.

(ВИДЕО) Мизрахи: Ако некогаш беше позната флоскулата „Слушај го Венко“, сега е актуелна „Слушај Венко“

  • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во паника по хаосот и скандалот на Онкологија се обидува да се правда

  • Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Клиниката за онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите

  • Мизрахи: Филипче како поранешен министер за здравство и претходната влада на СДС се одговорни за состојбата на Онкологија

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи реагираше на тврдењата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека му се правеле политички хајки, како и дека му ги сокриле извештаите за сработеното во здравството за скандалот на Клиниката на онкологија.

ЈО да не молчи и да постапи со случајот Онкологија.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција соопшти дека до Обвинителството доставил шестмесечни квартални извештаи за работата на Клиниката за онкологија, како и од експертските работни групи од времето кога тој бил министер.

Венко Филипче како како поранешен министер за здравство, директно или индиректно во неговото неработење дозволи системски башибозук и непочитување на шеесетина законски одредби.

9 (9) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 28-Jan 19:03 -> 28-Jan 23:06
.
.
.
.

Патот од Крива Паланка до „Деве Баир“ затворен во двата правци поради сообраќајна несреќа

  • Поради сообраќајка забрането движење за сите видови возила во двата правца на А-2 Крива Паланка од клучка Експресен пат кон Деве Баир

Попладнево од 17:35 часот воведена е забрана за движење на сите видови возила во двата правци на патот од Крива Паланка до граничниот премин „Деве Баир“, информираат од Автомот сојузот на Македонија (АМСМ). Според информациите од АМСМ, причина за воведената забрана е сообраќајна несреќа што се случила на овој дел од патот.

АМСМ информира дека попладнево, од 17:35 часот, е воведена забрана за движење на сите видови возила во двата правца на А-2 Крива Паланка од клучка Експресен пат кон граничниот премин Деве Баир.

12 (12) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Jan 22:03 -> 28-Jan 16:27
.
.
.
.

📽 ДОДИК И ПЕРО АНТИЌ СЕ ОПУШТИЈА ВО МАКЕДОНСКА КАФЕАНА Претседателот на Република Српска ја запеа „Свилен конац“

  • Апсолутно не се соглаувам со анти-ЕУ и анти-НАТО пораките на Додик, не очекував дека ќе ја злоупотреби Светосавската академија за политички пораки, вели Мицкоски

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој вечерва присуствуваше на свечената Светосавска академија во Скопје, на покана на српската заедница во земјава, по настанот се опушти со музика и со песни во скопски ресторан.

Премиерот Христијан Мицкоски не очекувал дека претседателот на Република Српска, Милорад Додик ќе ја злоупотреби свечената Светосавска академија, која се одржа во Скопје по повод празникот на српската заедница во државава – Свети Сава, за да испрати анти-ЕУ и анти-НАТО пораки.

13 (12) ■ вести > свет ■ 27-Jan 15:34 -> 28-Jan 22:06
.
.
.
.

Трамп испрати на принуден одмор функционери во УСАИД кои ја игнорираат наредбата

  • Американската амбасада во Скопје упатува до Белата куќа за одговори за тоа колку финансирани проекти се замрзнати

Администрацијата на Доналд Трамп испрати на одмор околу 60 високи кариерни функционери во Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), рекоа извори запознаени со ова прашање, откако Вашингтон ја замрзна американската помош ширум светот.

Повеќе од 72 милиони долари за 22 тековни проекти на УСАИД се замрзнати во Македонија со извршната на наредба на американскиот претседател, Доналд Трамп, за запирање американската помош на 90 дена, во кои Стејт Департментот треба да направи реевалуација на проектите и да реши кои ќе продолжат, а кои не. Телма побара од американската амбасада колку вкупно проекти финансирани со американски даночни пари се ставени на стенд-бај и за колку вкупно средства станува збор, но од таму сите одговори упатија да се бараат од Белата куќа.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

137 (6) ■ бизнис > мои пари ■ 27-Jan 10:05 -> 28-Jan 07:55
.
.
.
.

Спасеновски од „Макпетрол“ добро се претстави на Светската карате лига во Париз

  • Спасеновски и Костовска настапија во Премиер-лигата во Париз

Членот на клубот „Макпетрол“, Петар Спасеновски, прикажа добри борби на Светската Карате 1 Премиер лига во Париз, Франција.

Спасеновски со по една победа, пораз и нерешена борба е втор во групата, а Костовска со истиот резултат беше трета Петар Спасеновски (26) од КК Макпетрол во тежинската категорија до 84 кг, предводен од тренерот Петар Заборски, и Вероника Костовска (25) од КК Олимпик спорт 2007 (до 61 кг), предводена од тренерот и селектор на сениорската машка репрезентација на Македонија, Александар Кузмановски, се претставија во добро светло на силната светска Премиер карате-лига, викендов во Париз (Франција), со оглед на квалитетот на учесниците што настапуваат во двете конкуренции на овој престижен турнир.