Шпанската ватерполо репрезентација повторно го освои златниот медал на Светското првенство, откако во големото финале ја совлада селекцијата на Унгарија со конечни 15-13. „Фуријата“ одигра одличен натшревар, имаше мали проблеми само во третата четвртина, но во сите останати периоди беа на висина на задачата и ги одиграа последните минути во чиста рутина.
Откако лани триумфираше на Европското првенство во Хрватска, ватерполо репрезентацијата на Шпанија денеска стана и светски шампион по победата во финалето од Мундијалот во Сингапур.