фото: EPA/JOHN G. MABANGLO ВИДЕО | Анисимова закажа четвртфинален дуел против Швјонтек на САД опен Деветтата тенисерка во светот, Американката Аманда Анисимова се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД откако ја победи Бразилката број 22 во светот, Беатрис Хадад Маја, во два сета со 6-0, 6-3, во осминафиналето во Њујорк. Мечот траеше еден час и 16 минути, Анисимова шест пати направи брејк на сервис на Бразилката, додека Хадад Маја доби еден брејк.