Првиот сет почна со по еден брејк на двете страни, а одлучувачки беше десеттиот гем кој Анисимова го доби на сервис на противничката.
Со тоа, таа и се одмазди на својата противничка за дебаклот во финалето на Вимблдон каде загуби без освоен гем (0-6, 0-6). За Анисимова ова е и најдобар резултат во кариерата кога станува збор за американскиот Гренд слем, а во полуфиналето ќе се сретне со Наоми Осака која со 2-0 ја победи Мучова од Чешка.