Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
4
0.00
3.63
1.01/0.00
4.00
0.64
0.16
104.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 4
3 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 28.6
Best clustering variants
3 0.99/0.01 2 28.6

Македонскиот велемајстор (ВМ) Евгени Романов го забележа и петтото реми на 24-то поединечно Европско првенство (ЕП) во шах, во Петровац (Црна Гора), откако во 10-то, претпоследно коло, со црни фигури го подели поенот со интернационалниот мајстор (ИМ) од Турција, Ата Умут Акбас (2.466, рангиран 125. пред почетокот на ЕП), во 37-от потег, со повторување на потезите во еднаква позиција.

По 10 кола, Романов (2.584 рејтинг-поени, рангиран 54. пред почетокот на ЕП) е на 32-то место, со 6,5 поени (четири победи, пет ремија и еден пораз, рејтинг-перформанс 2.651 поен и освоени нови 9,9 рејтинг-поени). Во вчерашното последно коло на ЕП 2024, Романов со бели фигури играше со силниот ВМ од Чешка, Давид Навара (2.674, рангиран, петти). По 10 кола, и понатаму во водство на табелата, со 8,5 поени (седум победи и три ремија, рејтинг-перформанс од 2.850 поени), е ВМ од Србија, Александар Инџиќ (2.624, рангиран на 33-то место), кој во ова коло со бели фигури на првата табла го подели поенот со ВМ од Шпанија Данил Јифа (2.631, рангиран на 28-то место). Половина поен зад него има ВМ од Белгија, Даниел Дарда (2.606, 41-от), кој во ова коло со црни фигури го победи Навара.

Novamakedonija

Македонскиот велемајстор (ВМ) Евгени Романов ја оствари четвртата победа на 24. поединечно Европско првенство (ЕП) во шах во Петровац (Црна Гора), откако во деветтото коло со бели фигури го надигра 18-годишниот ФИДЕ-мајстор (ФМ) од Азербејџан, Широглан Талибов (2.415, рангиран 167.). Во отварањето „Игра на даминиот ловец“, противникот се предаде во 81-от потег, откако во средишницата остана со квалитет помалку (два топа против топ и коњ) и заканувачки пешак на а7. На две кола пред крајот на ЕП 2024, Романов (2.584 рејтинг-поени, рангиран 54. пред почетокот на ЕП) е на 28-то место, со шест поени (по четири победи и ремија и еден пораз, рејтинг-перформанс 2.674 поени и освоени нови 11,5 рејтинг-поени). Во вчерашното 10-то, претпоследно коло, Романов со црни фигури играше со интернационалниот мајстор од Турција, Ата Умут Акбас (2.466, рангиран 125.). По девет кола, на ЕП 2024 и понатаму приматот на табелата со осум поени (седум победи и две ремија), со рејтинг-перформанс од 2.896 поени, не го дава ВМ од Србија Александар Инџиќ (2.624, рангиран на 33-то место), кој во ова коло со црни фигури на првата табла го победи Иван Чепаринов (2.632, рангиран 26.) од Бугарија.

Со еден поен помалку зад водечкиот се шест шахисти. Novamakedonija

10:26 h 20-Nov-2024
  • Македонскиот велемајстор (ВМ) Евгени Романов го забележа и петтото реми на 24-то поединечно Европско првенство (ЕП) во шах, во Петровац (Црна Гора), откако во 10-то, претпоследно коло, со црни фигури го подели поенот со интернационалниот мајстор (ИМ) од Турција, Ата Умут Акбас (2.466, рангиран 125. пред почетокот на ЕП), во 37-от потег, со повторување на потезите во еднаква позиција.
  • ◉ Спортски вести
10:18 h 16-Nov-2024
  • Во шестото коло највисокорангираниот македонски шахист го подели поенот со црни фигури со ВМ од Ерменија Шант Саргсјан, што е негово трето реми, покрај трите победи Македонскиот велемајстор (ВМ) Евгени Романов (2.584 рејтинг-поени, рангиран 54. пред почетокот на турнирот) го забележа и третото реми на 24. поединечно Европско првенство (ЕП) во шах во Петровац (Црна Гора). Во шестото коло, највисокорангираниот македонски шахист, играјќи на петтата табла, со црни фигури го подели поенот со ВМ од Ерменија.
  • Романов еден поен зад водечкиот Инџиќ