Кошаркарите на Милвоки Бакс беа подобри од Оклахома Сити Тандерс во финалниот натпревар од НБА Купот одигран во Лас Вегас и со тоа го освоија првиот овосезонски трофеј во најсилната лига на светот (97-81). Најзаслужен за големиот успех на Бакси беше феноменалниот Јанис Адетокумбо, кој мечот го заврши со „трипл-дабл“ учинок од 26 поени, 19 скока, од кои 15 во рекетот на неговиот тим и 10 асистенции.
Првиот трофеј во НБА сезоната, помалку престижниот наменет за победникот на несекојдневното натпреварување кое беше воспоставено дури минатата година, го подигнаа кошаркарите на Милвоки, откако во финалето на НБА Купот во Лас Вегас убедливо ја совладаа екипата на Оклахома со 97-81. По возбудливото и изедначено прво полувреме, во кое Оклахома почесто беше во водство, но не позначајно од седум поени, Милвоки одигра силна трета четвртина во која прими само 14, а на другиот крај од теренот постигна 26 поени, и замина на плус 13 – 77:64.