Живко Мукаетов и УО на РФМ денеска го одредија 1 март за датум на новото Изборно Собрание, а веднаш беше обелоденет и првиот кандидат кој ќе учествува во трката за нов претседател по повлекувањето на успешниот бизнисмен.
Александар Стефановски, кој е прв човек на РК Бутел и во последните години е дел од УО на РФМ, на состанокот на Управниот Одбор јавно ја потврди својата кандидатура за оваа одговорна функција. Ekipa