Мониторингот опфати девет клучни места и тоа во Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош од каде беа земени примероци од водата за пиење врз кои беше изведено физичко-хемиско и микробиолошко лабораториско тестирање.
Водата во скопскиот водовод може непречено да се користи, што значи дека е и безбедна за пиење, соопшти ЈП „Водовод и Канализација“.