Во своето излагање на Редовното годишно собрание на Академијата, претседателот на МАНУ, Живко Попов, апелираше на проактивен и разумен пристап во однос на надворешната политика на државата и нејзиното позиционирање во новонастанатата глобална политичка ситуација.
Мора да се реагира мудро и навремено – порача претседателот на МАНУ Живко Попов во експозето на Редовното годишно собрание на Академијата, осврнувајќи се на надворешната политика на земјава и нејзиното позиционирање во новата политичка констелација во светот.