Љутиќ и Швајцарката Венди Холденер го поделија првото место по првото возење, а во вториот круг Зринка повторно го постави најбрзото време и славеше со резултат 16 стотинки побрз од Холденер, објаги . Трета беше Швеѓанката Ана Свен Ларсон (+1,19). Минатата недела во Семеринг, Австрија, Љутиќ ја постигна првата победа во кариерата, а и тогаш, како и во Крањска Гора, го имаше стартниот број 2. Тоа е воедно и прва хрватска победа во Крањска Гора, а на Љутиќ и успеа тоа што не им успеа ниту на Ивица и на Јаница Костелиќ. Plusinfo