Голманот Пешиќ направи разлика за Хрватска во финишот, а „коцкестите“ во клучните моменти имаа и помош од арбитрите, кои со неколку исклучувања на наши ракометари во финишот му помогнаа на домашниот состав да стигне до победата.
Лазаров го почна мечот со Митревски на голот, Кузмановски, Митев и Велковски на бековските позиции, Атанасијевиќ и Костески како крила и Милан Лазаревски на пивотменската позиција од самиот почеток. Ekipa
Ракометната репрезентација на Македонија во неизвесен меч загуби во Вараждин од Хрватска со 27-25 на генералната контрола пред почетокот на Светското првенство. Plusinfo
Токму Лазаревски изнуди пенал во нашиот прв напад што Кузмановски го претвори во гол за 1-1, одбраната ни функционираше сосема солидно и по осум минути игра резултатот гласеше 2-2. Македонија продолжи да парира, се играше „гол за гол“, па со голот на Пешевски во 12. минута израмнивме на 5-5. Хрватска за првпат поведе со два гола предност со 7-5, но Митев изнуди пенал што капитенот Кузмановски рутински го претвори во гол за 7-6. Дувњак погоди од сопствените шест метри во празна мрежа за 8-5, а веќе во следниот напад Хрватска имаше и зицер за „плус три“, но Митревски фантастично интервенираше.
Како што одминуваше времето имавме се поголеми проблеми во нападот, Лазаров за момент се обиде и со „седум на шест“, но противникот ја презеде контролата и преку Мартиновиќ поведе со 9-6. Лазаров зеде тајмаут, Атанасијевиќ за момент ја прекина серијата на домаќините, а Митревски со седмата одбрана во 24. минута (нов запрен зицер), овозможувајќи Павле Атанасијевиќ со прекрасен гол да намали на само еден гол негатива (11-10). Одбраната доби на интензитет, овозможувајќи лесен гол од контранапад преку Џонов, за израмнување на 11-11, принудувајќи го Сигурдсон да го побара својот прв тајмаут на натпреварот. Ekipa
Серафимов заработи исклучување и направи пенал, па Шоштариќ го совлада Галевски за 25-24. Лазаров свика тајм-аут, меѓутоа по долг напад погрешивме и не реализиравме.
Во клучен напад Хрватите преку Срна стигнаа до 26-24, а тогаш исклучен беше и Лазаревски. Gol