Токму Лазаревски изнуди пенал во нашиот прв напад што Кузмановски го претвори во гол за 1-1, одбраната ни функционираше сосема солидно и по осум минути игра резултатот гласеше 2-2. Македонија продолжи да парира до 5-5, а Хрватска за првпат поведе со два гола предност со 7-5. Во следниот напад Митев изнуди пенал што капитенот Кузмановски рутински го претвори во гол за 7-6. Дувњак погоди од сопствените шест метри во празна мрежа за 8-5, а веќе во следниот напад Хрватска имаше и зицер за „плус три“, но Митревски фантастично интервенираше. Ekipa