Никола Јокиќ стигна до нов трипл-дабл, и тоа во меч во кој српскиот центар остана во споредна улога оставајќи го Џамал Мареј да доминира и да му ја донесе побеата на Денвер на гостувањето против Далас (99-118). Мареј го одигра својот најдобар натпревар во последните две години постигнувајќи 45 поени, а Денвер целата работа ја заврши уште во првото полувреме во кое гостите поведоа со 45-71. Поради големото водство Јокиќ имаше помала минутажа од вообичаено, но Србинот сепак успеа да стигне до трипл дабл од 10 поени, 14 скокови и 10 асистенции.
Денвер Нагетс победија со 112:101 на гости кај Далас, иако домашните имаа 19 поени предност на неполни 17 минути до крајот на натпреварот.