Голманот Никола Митревски, кој само неколку часа пред натпреварот се бореше со температура од 39,5 степени, одигра клучна улога во драматичното реми 29-29 против Австрија.
Македонскиот голман, Никола Митревски смета дека ремито против Австрија е најреалниот резултат на мечот со оглед на сите случувања иако и нему му е јасно дека можевме и да победиме.