Кузмановиќ бранеше одлично, во нападот блескаа Мартиновиќ и Мараш, па Хрватска на одмор замина со преубедливи 20-12. Домашниот состав имаше целосна контрола во вториот дел, Исланд не се спушти под седум гола разлика се до последната минута, но Јелиниќ од шест метри стави печат на конечниот триумф, на крајот изразен со конечните 32-26. Доминик Кузмановиќ беше неверојатен и со 17 одбрани (40% успешност) заслужено стигна до МВП-признанието, а најефикасни во нападот на „коцкестите“ беа Мартиновиќ со осум и Мараш со пет погодоци. Ekipa