1 (5) ■ вести > свет ■ 06-Mar 20:12 -> 06-Mar 21:15
.
.

За прв пат по инцидентот во Белата куќа: Американските и украинските претставници ќе се сретнат во Ријад

  • Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори

Високи американски и украински претставници ќе се сретнат следната недела во Саудиска Арабија за да разговараат за напорите за постигнување прекин на огнот во војната со Русија.

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори, пишува Fox News.

2 (43) ■ вести > македонија > политика ■ 04-Mar 08:31 -> 06-Mar 16:00
.
.
.
.

Владата ќе ја прифати минималната плата што ќе ја договорат работодавачите и работниците

  • Силјановска Давкова: Во Собранието треба да се мерат зборовите, не е лошо човек да се извини

  • Потпишан меморандум за соработка меѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет од Скопје

  • СДСМ: Сиљановска ја штити и релативизира за Кочоска, таа е нем набљудувач на дискриминацијата

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска останува на ставот дека Владата ќе прифати онолкава минимална плата во државава колкава што ќе договорат работодавачите и работниците.

Претседателката Гордана Силјановска Давкова, во однос на дебатата помеѓу министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска во тек на пратеничките прашања вели дека во Собранието треба да се мерат зборовите и оти, како што посочува, не е лошо човек да се извини.

Професори од Економскиот факултет при Универзитетот „Света Кирил и Методиј“ со анализи и стручна помош ќе му помагаат на Министерството за финансии во неговиот делокруг од работата.

„Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во кампањата се претставуваше како борец за правата на жените, денес молчи пред отворена дискриминација кон една жена, пратеничка во Собранието.

3 (42) ■ вести > македонија > политика ■ 06-Mar 07:14 -> 06-Mar 17:30
.
.
.
.

Јандроковиќ-Гаши: Поддршка од Хрватска да истраеме на евроинтегративниот пат

  • Македонските Хрвати сакаат да влезат во Уставот за да си го зачуваат идентитетот

  • Со свечена церемонија пред Собранието, Гаши го пречека Јандроковиќ, претседателот на хрватскиот Сабор

  • Претседателот на Хрватскиот сабор, Јандроковиќ во официјална посета на земјава

Ја имате нашата поддршка и понатаму да истраете на евроинтегративниот пат и да ги решите препреките, добро е да се оствари сојузништво во рамки на НАТО и ЕУ, истакна претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ.

Хрватите во Македонија би имале голема корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на Македонија, бидејќи на тој начин ќе се олесни одржувањето на нивниот идентитет, изјавија претставници на хрватското малцинство на средбата со претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој е во тродневна посета на нашата држава.

Со церемонија со високи почести пред претседателот на Собранието Африм Гаши пред зградата на законодавниот дом го пречека претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој престојува во официјална посета на земјава.

Претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ денеска ќе престојува во официјална посета на земјава.

4 (41) ■ вести > свет ■ 04-Mar 10:11 -> 06-Mar 15:35
.
.
.
.

Специјален Самит на ЕУ посветен на Украина и европската одбрана

  • Фон дер Лајен го претстави планот за вооружување на Европа

  • Еврокомисијата предлага фонд од 800 милијарди евра за инвестиции во одбраната

  • Европските лидери се подготвуваат за нивниот кошмарен самит „од 5 минути до полноќ“

Континуираната поддршка за Украина и европската одбрана ќе бидат главни теми на денешното специјално заседание на Европскиот совет во Брисел, на кое е поканет да учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Соединетите Американски Држави ја прекинаа воената помош за Украина неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп се судри со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба, потврди претставник на Белата куќа за Reuters.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска предложи нов фонд кој би можел да мобилизира близу 800 милијарди евра (841,5 милијарди долари) за инвестиции во одбраната во Европската Унија, вклучително и за воена помош за Украина, јави ДПА.

Европската унија е навикната на кризи, но претстојната би можела да ги надмине сите претходни.

12 (25) ■ вести > македонија > политика ■ 05-Mar 14:42 -> 06-Mar 15:48
.
.
.
.

СДСМ: Зошто Владата три дена крие колку платила за приватниот лет за Будимпешта?

  • СДСМ: Не може да има пари за луксузирање на власта, а да нема за минимална плата за работниците

  • СДСМ: Мицкоски живее во илузија, економијата страотно пропаѓа

Соопштение на СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдат дека платите се доволно високи и не треба да се зголемуваат, немаат никаков проблем да патуваат низ Европа со приватни чартер летови на партиски посети.

„Владата на Христијан Мицкоски се луксузира на грбот на народот, изнајмува приватни авиони, нарачува егзотични овошја, додека за работниците, кои едвај врзуваат крај со крај, власта вели дека нема пари.

Опозицската СДСМ денеска преку соопштение реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски во врска со растот на БДП во последниот квартал лани.

15 (82) ■ вести > свет ■ 04-Mar 07:05 -> 06-Mar 20:15
.
.
.
.

Трамп паузира со воведување царини за стоки од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија

  • Трудо: Канада денеска ќе воведе соодветни тарифи за американските производи

  • Мексико најави царини за американската стока

  • Трамп: Царините може да донесат „малку вознемиреност“

Американскиот претседател Доналд Трамп привремено ги иззема материјалите од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија од зголемена царина од 25 отсто за увоз на стоки од тие земји.

Канада ќе воведе соодветни тарифи за американските производи почнувајќи од денеска како одговор на тарифите објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо, цитиран од телевизијата Си-Би-Си. -Доколку стапат во сила царините на Соединетите држави, Канада ќе одговори од полноќ со воведување царини од 25 отсто на американски стоки во вредност од 155 милијарди долари, се вели во изјавата на канадскиот премиер.

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум денеска изјави дека Мексико на тарифите од 25 отсто воведени од САД ќе одговори со контрамерки – царини за американски стоки.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги бранеше новите високи царини против долгогодишните економски партнери на САД, како Канада и Мексико, во своето прво обраќање пред двата дома на Конгресот по враќањето на функцијата.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

5 (13) ■ бизнис > македонија ■ 06-Mar 15:19 -> 06-Mar 21:09
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Македонија дел од СЕПА – Овозможивме полесен пристап за компаниите во прекуграничната трговија и полесен и поевтин трансфер на парите

  • Ангеловска-Бежоска: Станавме членка на СЕПА – историски исчекор за нашата земја

Македонија се приклучи на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Компаниите полесно ќе се приклучуваат во прекуграничната трговија со стоки и услуги, а граѓаните ќе добиваат поедноставни, побрзи и поевтини услуги при трансфери на пари во земјите од СЕПА“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил по донесувањето на Одлуката во Брисел од страна на Европскиот совет за плаќања.

Европскиот совет за плаќања денеска ја прифати нашата земја како 39 членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), соопшти Народната банка.

49 (8) ■ бизнис > македонија ■ 06-Mar 11:21 -> 06-Mar 12:24
.
.
.
.

„Алкалоид“ одбележа половина век информатичкa технологиja

  • ПРЕД 50 ГОДИНИ ЗАПОЧНА СО РАБОТА КУЛТНИОТ КОМПЈУТЕРСКИ ЦЕНТАР НА „АЛКАЛОИД“

Во февруари 1975 година официјално започнал со работа сегментот за информатичка технологија при „Алкалоид“, чија цел била трансформирање на процесите од аналоген во дигитален формат со употреба на т.н. мини компјутери од марката Burroughs L-3000/4000 Series: „Тие се мали по своите физички димензии, но релативно големи по обемот на меморијата и можностите за решавање на поставената проблематика, користејќи ги сите предности на технологијата на интегрирани кола“, ќе објасни во написот за весникот на „Алкалоид“ основачот и тогашен директор на т.н. Компјутерски центар на компанијата, Трајче Мукаетов.

Во февруари 1975 година официјално започнал со работа сегментот за информатичка технологија при „Алкалоид“, чија цел била трансформирање на процесите од аналоген во дигитален формат со употреба на т.н. мини компјутери од марката Burroughs L-3000/4000 Series.

107 (4) ■ бизнис > финансии ■ 05-Mar 07:24 -> 06-Mar 14:27
.
.
.
.

Поскапе уште една услуга во Грција

  • ПОСКАПУВААТ БИЛЕТИТЕ ЗА ТРАЕКТ ВО ОМИЛЕНАТА ДЕСТИНАЦИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ: Од први мај ќе се плаќа повеќе за овој превоз во Грција

Билетите за траект во Грција од 1 мај ќе поскапат за 12 до 15 отсто, се наведува во соопштението на Грчката асоцијација на компании за превоз на патници (SEEN). Говорејќи за локалните медиуми, претседателот на „SEEN“, Дионисис Теодоратос, објасни дека зголемувањето на цените за билетите за траект во Грција е поврзано со новите регулативи на Европската унија за поморско гориво.

Цените на фериботите во Грција од 1 мај ќе се зголемат за 12 до 15 отсто, се вели во соопштението на Грчката асоцијација на компании за превоз на патници (SEEN). Говорејќи за локалните медиуми, претседателот на SEEN, Дионисис Теодоратос, објасни дека зголемувањето на цените за билетите за траект во Грција е поврзано со новите регулативи на Европската унија за поморско гориво.

130 (4) ■ бизнис > економија ■ 05-Mar 14:24 -> 06-Mar 10:06
.
.
.
.

Очекуваме зголемување на бројот на патници, вели генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт

  • Курт: Го зголемуваме капацитетот на Охридскиот аеродром, нема прекин на сообраќајот во тек на модернизацијата

Најавени се голем број нови авиокомпании, голем дел од нив ќе летаат на нови дестинации и очекуваме зголемување на бројот на патници веќе од средината на оваа година, вели во видеоинтервју за МИА генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт.

Се очекува за околу еден месец да се стартува со некои од работите предвидени со модернизација на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а во тек на планираните активности со проектот нема да биде запрен авиосообраќајот, најавува генералниот директор на ТАВ Македонија Неџат Курт во видеоинтервју за МИА.

143 (9) ■ бизнис > македонија ■ 05-Mar 12:00 -> 05-Mar 14:43
.
.
.
.

И во 2025-та очекувам висока бројка на странски директни инвестиции

  • Мицкоски: За три квартали ја стабилизиравме состојбата во државата

2024 година ја завршивме со рекордно историско ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра со што повторно по глава на жител сме држава со најголем број на странски инвестици во регионот, можеби на некого не му одговара но тоа е факт, и повторно за многу кратко време ја консолидируваме, се консулидираа таа политика и таа политика ќе продолѓи и во годината која што следи бидејќи посебно во последните недели имаме голем бран на компании кои што се заинтересирани да инвестираат овде во Македонија и во слободните ТИРЗ зони но и надвор од нив, и навистина сум пресреќен тие познаа дека ова Влада води пробизнис политика и сака да поддржува отварање на нови работни места, добро платени места, врочем и сега мора да се добро платени работните места бидејќи конкуренцијата на пазарот на труд е немилосредна, но добро е што имаат доверба и оваа година исто очекувам висока бројка, не би сакал сега да лиферувам со бројки но знам дека една инвестиција почнува со работа овој месец, другата почува со работа во Штип во април месец, во мај ставаме камен темелник, во јуни повторно камен темелник.

За три квартали ја стабилизиравме состојбата во државата, растот на БДП во четвртиот квартал се првите инидикации дека економијата заздравува.

204 (8) ■ бизнис > економија ■ 04-Mar 16:42 -> 06-Mar 13:08
.
.
.
.

11 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КОМПАНИИТЕ Првата транша од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре

  • Димитриеска-Кочоска: Првата транша за компаниите од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре

Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

270 (5) ■ бизнис > економија ■ 04-Mar 15:11 -> 04-Mar 16:52
.
.
.
.

ЗМАИ: Субвенциите за зголемена плата да бидат таргетирани директно кон работниците, не кон компаниите

  • Виктор Митевски, директор на ЗМАИ: Со цел сите плати да растат, мора да зборуваме за поголема продуктивност

Доколку се размислува за предлогот за субвенционирање на платите, субвенциите треба да бидат таргетирани директно кон работниците, а не кон компаниите, оцени денеска Виктор Митевски, претседател на Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, во врска со актуелната дебата за минималната плата.

Доколку се размислува за предлогот за субвенционирање на платите, субвенциите треба да бидат таргетирани директно кон работниците, а не кон компаниите, оцени денеска Виктор Митевски, претседател на Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, во врска со актуелната дебата за минималната плата.