Македонската ММА репрезентативка Даниела Алексовска се искачи на третото место на светската ранг-листа во јуниорска конкуренција до 52,2 килограми, според последното рангирање на Меѓународната ММА федерација (ИММАФ). Овој историски успех претставува значаен чекор за македонскиот спорт, а особено за Алексовска и нејзините тренери, Ивица Алексовски и Стефан Пецевски, сите дел од клубот „Д Стронгест“.
Даниела на ЕП 2025 освои златен медал, станувајќи првата Македонка со европска титула во женска категорија.