Трет настап, втор гол на Елиф Елмас во дресот на Торино, кој брзо покажа колку му недостигала Серија А. Претходниот меч против Болоња на гости за победа од 1:2, овој пат за нова гостинска победа над Монца од 0:2. Плус одигра 90 минути за прв пат после 22 месеци.
Еден од најдобрите македонски фудбалери на денешницата Елиф Елмас продолжува со одличните партии по неговото враќање во Серија А во редовите на Торино.