Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со две победи во квалификациите успеа да избори пласман на ИТФ W75 турнирот што се игра во унгарскиот град Секешфехервар.
Ѓорческа денеска по голема борба и дуел што траеше повеќе од два часа (2 часа и 11 минути) ја совлада Романката Андреа Присакариу со 2-1 во сетови (3-6, 6-1, 7-6(3)). Во првото квалификациско коло, македонската тенисерка ја совлада Унгарката Мелинда Биро со 2-0 во сетови.