Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Македонскиот фудбалер, Андреј Тодороски кој настапува за ТСЦ Бачка Топола е прогласен за најдобар играч на колото во српската фудбалска Суперлига.
Бачка Топола за 25-годишниот Тодороски во јануари плати 450.000 евра за да го донесе од Спартак Суботица, а трансферот веќе почна да им се исплаќа.
Македонскиот интернационалец Андреј Тодороски е прогласен за играч на колото во српската Суперлига, по одличното негово издание и погодокот на натпреварот против Раднички Крагујевац. Ekipa
Македонскиот интернационалец во дресот на ТСЦ Бачка Топола, Андреј Тодороски постигна уште еден гол во српскиот шампионат, за победа на својот тим над Раднички Крагујевац со 1-3. Тодороски го постигна вториот гол на мечот во 55. минута од средбата, а беше заменет во 62. минута од средбата. Ekipa
Покажа дека неслучајно за него оваа зима тимот ллати 450.000 евра.
Тодороски со наградата играч на колото во дресот на ТСЦ испиша историја, затоа што тој е првиот играч кој во една сезона бил играч на колото со два различни клуба, откако претходно тоа го направи со Спартак Суботица. Gol
Студентите од Универзитетот во Ниш тргнаа пеш кон Белград на протестот што ќе се одржи на 15 март, од манастирот Манасија кај Деспотовац.
Студентите од српскиот град Суботица денеска пеш тргнаа кон Белград, каде треба да пристигнат до 15 март за кога е најавен голем студентски собир.
Екипата на Силекс се соочува со сериозен проблем во битката за титулата затоа што суспензија доби тренерот Александар Васоски заради протести кон арбитражата по крајот на натпреваррот со Вардар.
И трето полувреме имаше вчерашниот натпревар меѓу Силекс и Вардар во Кратово од 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Јувентус вчера беше понижен од Аталанта и тоа на свој терен, тимот на Мота загуби со 4-0, а тренерот не изгледаше многу загрижено по мечот.
Фудбалерите на Аталанта славеа на гостувањето кај Јувентус со 0-4 во последниот меч денеска како дел од дерби натпреварот од 28. коло во италијанската Серија А. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Ретегуи од пенал во 29. минута.
Арсенал уште еднаш ги разочара своите навивачи, откако ремизираше 1-1 против најслабиот Манчестер Јунајтед во последните неколку години.
Манчестер Јунајтед и Арсенал вечерва одиграа нерешено 1-1 на „Олд Трафорд“ во рамките на 28. коло од англиската Премиер лига.
Александар Митровиќ ги вознемири фановите со веста дека е хоспитализиран поради забрзано чукање на срцето, но нема потреба од грижа бидејќи капитенот на српската репрезентација веќе ја напушти болницата во Ријад.
Медиумите од Саудиска Арабија објавија дека српскиот напаѓач, Александар Митровиќ, бил пренесен во болница откако се пожалил на срцеви проблеми.