Novamakedonija
Таа настапува и на турнирот во двојки, заедно со Болквадѕе, а синоќа играа за пласман во полуфиналето Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, моментално рангирана на 294-то место во светот на листата на Женската тениска асоцијација (ВТА), се пласира во четврт-финалето на турнирот во Марибор (Словенија), кој се игра за вкупен награден фонд од 60.000 долари, на тврда подлога.
Во второто коло таа ја совлада хрватската претставничка Петра Марчинко, моментално 239-та во светот, со 2-0 во сетови (6-4, 6-4), а во вчерашното осминафинале победи со 2-1 во сетови (6-4, 2-6 и со 7-6, а во тајбрејкот во третиот сет со 11-9) на дуелот со Французинката Џесика Понше, која беше четврта носителка на овој турнир. Novamakedonija