Единствениот европски претставник на Македонија, Алкалоид, го одигра четвртфиналниот натпревар против Баја Маре од Романија и на гостински терен испушти победа во самиот финиш (31-31). На овој меч, Алкалоид играше со црни траки, а беше одржано и едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во трагедијата во Кочани.
Ракометниот клуб Алкалоид ремизираше со РК Минаур Баја Маре од Романија со 31:31 (19:15) во меч во рамки на Европскиот Куп на ЕХФ.