Филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска ќе ја отвори програмата „Хоризонти“ на годинашниот Филмски фестивал во Венеција и ќе се натпреварува за награди во повеќе категории, меѓу кои - режија, сценарио, најдобар филм, актерски остварувања.&nbs -Теона Стругар Митевска третпат се претставува со свој филм во официјална програма на фестивалот во Венеција, по „Најсреќниот човек на светот“ (селекција Хоризонти, 2022) и експерименталниот „Дваесет и еден ден до крајот на светот“ (селекција Авторски денови, 2023), соопшти Агенцијата за филм.
Филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска ќе ја има честа да ја отвори програмата на првиот натпреварувачки ден на годинешното издание на Венецијанскиот филмски фестивал.