Српскиот тенисер го продолжува походот кон трофејот на Мастерсот во Мајами, откако во одложениот натпревар од четвртфиналната фаза со сигурни 2-0 го совлада домашниот тенисер Себастиан Корда (6-3, 7-6/4). Американецот и покрај проблемите со повредата на зглобот, поради која неговиот настап на овој натпревар беше ставен под знак прашалник, одлично се држеше против фаворизираниот противник.
Двајцата тенисери беа сигурни на свои сервиси, но така беше до осмиот гем, кога српскиот ас без загубен поен се избори за прв брејк, кој подоцна го потврди и поведе со 1-0. Вториот сет започна со брз брејк на Корда и водство од 3-0. Американецот стигна и до 5-2 и беше на раб на израмнување, но кога беше најпотребно Ѓоковиќ покажа за каква класа од тенисер се работи и влезе во посакуваниот ритам.