Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски загуби во финалето на турнирот во Опатија, Хрватска.
Во мечот за трофејот подобар од Ивановски денес беше домашниот тенисер и прв носител на турнирот Лука Микрут со 6:3 и 7:6(4). Ивановски на турнирот одигра осум меча од кои три во квалификациите и пет на главен турнир и забележа седум победи. Plusinfo
продолжува со одличните настапи во хрватска Опатија и ќе игра во големото финале, откако денес го елиминираше Чехот Михаел Врбенски со 2-1, по сетови 6-4, 3-6 и 6-3. Нашиот Калин ја заврши работата за два часа и 47 минути, со што оствари голем успех и во финалето ќе се соочи со домашниот претставник и прв носител на турнирот, Лука Микрут. Gol