Калин Ивановски продолжува со одличните настапи на турнирот во хрватската Опатија и ќе игра во големото финале, откако денес го елиминираше Чехот Михаел Врбенски со 2-1, по сетови 6-4, 3-6 и 6-3. Нашиот Калин ја заврши работата за два часа и 47 минути, со што оствари голем успех и во финалето ќе се соочи со домашниот претставник и прв носител на турнирот, Лука Микрут.
Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ фјучерсот во Опатија, откако попладнево го совлада вториот носител Зденек Колар од Чешка со 2-0 во сетови (6-3, 7-6). Откако поведе со 1-0 во сетови, Ивановски во вториот сет надомести негатива од два гема (1-3, 2-4), а во тајбрејкот при водство ан противникот од 4-2, нанижа пет поени во серија и обезбеди место меѓу четирите најдобри тенисери.