И покрај одличниот настап на момчето од Мексико, кој пред борбата со Волкановски доби „шанса за титулата“ по петте последователни победи во октагонот, искусниот Австралиец покажа зошто е еден од најодликуваните борци (5 одбрани) во „перо“ . Со своето искуство и „фајтерски коефициент на интелигенција“ доминираше во сите пет рунди, а храброто срце и самопожртвуваноста на Лопез, на крајот, не беа доволни за да ги убедат судиите.