Бурно е во шпанската фудбалска јавност во пресрет на утрешното финале на Копа дел реј што треба да се игра во Севилја, откако судиите отворено се пожалија на притисокот што врз нив го врши Реал Мадрид со прилози на клупската телевизија.
Рикардо Де Бургос Бенгоечеа, главниот судија на финалето на Купот на кралот помеѓу Барселона и Реал Мадрид, и Пабло Гонзалес Фуертес, задолжен за ВАР, одржаа традиционална прес-конференција пред натпреварот во кој токму судиите ќе бидат во центарот на вниманието.
Реал Мадрид излезе со ново соопштение со кое ги демантира гласините дека размислувале за неиграње на финалето од Купот на Шпанија.