1 (6) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 23-Jul 15:00 -> 24-Jul 09:30
.
.
.

Градоначалникот и две службени лица од општина Крива Паланка добија кривични пријави

  • Кривична за 42-годишен паланчанец – продавал „фејк“ облека без дозвола

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.П.(59), М.К.(41) и С.М.(38), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.А.(42) од Крива Паланка и правно лице од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

3 (5) ■ спорт ■ 24-Jul 00:56 -> 24-Jul 08:56
.
.
.

Македонските кошаркари подобри од Германија во баскет 3х3

  • ЕМОФ 2025: Македонија ја победи Германија во Баскет 3х3

Во рамките на третиот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, младите кошаркари и ја донесоа вкупно втората победа на Македонија на ЕМОФ, совладувајќи ја Германија во Баскет 3х3 со резултат 14:10. Најефикасен во нашиот тим беше Благојче Димитриовски со 10 постигнати поени, Ѓоровиќ постигна два, додека по еден реализираа Марковски и Стојановски.

На третиот натпреварувачки ден на Европскиот младински олимписки фестивал, Македонија ја забележа втората победа во Баскет 3х3 совладувајќи ја Германија со 14:10. По победата над Литванија 14:11, женската македонска репрезентација вчера загуби од Германија 4:21. Во останатите екипни спортови, македонските репрезентации повторно останаа без триумф.

14 (28) ■ вести > македонија > грција ■ 22-Jul 11:59 -> 23-Jul 18:28
.
.
.
.

Герaпетритис ја повтори грчката поддршка за ЕУ перспективата на земјава

  • МУЦУНСКИ ЌЕ ИМА ВАЖНА СРЕДБА СО ГРЧКИОТ КОЛЕГА Атина е поддржувач на Скопје, велат грчките дипломати

  • Муцунски на средба со Герапетритис – во фокусот билатералната соработка, економијата и инвестициите

Длабоко верувам во потенцијалот на нашите односи.

За нас, Северна Македонија е клучен сојузник и директен и важен сосед, брифираат високи грчки дипломатски извори во пресрет на утрешната работна посета на Атина на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина.

Поздрав од Атина – билатералната соработка, економијата и инвестициите во фокусот, напиша на Инстаграм министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски непосредно пред средбата со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис во Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

58 (5) ■ бизнис > економија ■ 23-Jul 15:41 -> 23-Jul 17:54
.
.
.

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА Е ЗА 11 ОТСТО ПОВИСОКА ОД ЛАНИ: Koлку заработуваат Македонците?

  • Просечната нето-плата во мај 45.796 денари

Просечната нето плата во мај изнесувала 45.796 денари.

Просечната исплатена нето-плата во мај годинава изнесувала 45 796 денари што е 11 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Како што информира ДЗС, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 23.9 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 15.1 % и Образование за 14.4 %. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 13.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5.4 % и Рударство и вадење на камен за 5.1 %. Просечната бруто-плата, пак, по вработен во мај 2025 година изнесувала 68 859 денари.