Убедливиот триумф на Милан во полуфиналето на Копа Италија над градскиот ривал Интер дојде како резултат на ароганцијата на тренерот на „Нераѕурите“, Симоне Инѕаги, смета прославениот италијански стручњак Фабио Капело.
Тренерот на Интер, Симоне Инзаги изгледаше фрустирано при крајот на мечот меѓу Интер и Милан кој неговиот тим го доби со 3-0. Милан имаше убедлива предност, Инзаги беше нервозен и јасно му беше дека натпреварот е решен.
Во реваншот од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија, Милан синоќа како гостин го совлада градскиот ривал Интер со 3:0. Стрелец на првите два гола беше Лука Јовиќ (36. и 50. минута), конечниот резултат го постави Тејани Рејндерс во 85. минута.