Тие во четвртфиналето ги совладаа Зозија Кардава (Грузија) и Владислава Зверава (Русија) со 2-0 во сетови (6-3, 6-3). За пласман во финалето Ѓорќеска и Горгодзе ќе играат против третите носителки Рутуја Бхосале (Индија) и Пејџ Хуриган (Нов Зеланд), кои во денешниот меч остварија триумф над Американките Кајетано – Ли со 2-1 во сетови (6-7, 6-3 и 10-8 на поени). Инаку, во второто коло во сингл Ѓорческа загуби од Анастасија Тихонова од Русија со 2-1 во сетови (6-7(3) 6-4 6-4). Gol